Претставници на Општина Карпош учествуваа на средба за јавниот повик преку кој општините можат да добијат грантови за проширување на капацитетите за згрижување деца од предучилишна возраст.
Предвидено е неискористени училишни и општински простории да се реновираат, адаптираат и опремат за згрижување деца.
На средбата со министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски се разговарало и за отворање младински канцеларии во општините.
Како еден од проблемите бил посочен и недостигот од персонал во градинките и потребата од согласности за нови вработувања.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
