Општина Илинден целосно ја реновираше спортската сала „Гоце Делчев“, по речиси две децении активно користење на објектот.
Во рамки на реконструкцијата е саниран спортскиот под, обновени се ѕидовите и таваните, поставени се нови седишта на трибините и реновирани се соблекувалните.
Салата доби и нова заштитна ограда, подобри услови за одбојка и други спортови, како и современо ЛЕД осветлување. Од Општина Илинден велат дека инвестицијата треба да обезбеди посовремени, побезбедни и пофункционални услови за спортистите и граѓаните.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
