Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Превозници повторно на протест пред Делегацијата на ЕУ, бараат решение за правилото „90/180“
    Економија

    Превозници повторно на протест пред Делегацијата на ЕУ, бараат решение за правилото „90/180“

    31/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Превозниците организирани во транспортната асоцијација „Макам-транс“ денеска од 12 до 14 часот ќе одржат предупредувачки протест пред Делегацијата на Европската Унија во Скопје, барајќи конечно решение за проблемот со ограничениот престој на професионалните возачи во Шенген-зоната.

    Протестот се организира во пресрет на утрешниот состанок на Работната група во Брисел, од кој домашните транспортери очекуваат конкретен напредок во решавањето на примената на правилото „90/180“. Според ова правило, државјаните на земји кои не се членки на Европската Унија можат да престојуваат најмногу 90 дена во период од 180 дена во Шенген-зоната.

    Пред Делегацијата на ЕУ ќе бидат паркирани околу дваесет товарни возила, а на протестот ќе присуствуваат сопственици на транспортни компании, професионални возачи и вработени од повеќе градови низ државата. Во исто време, најавени се слични протести и во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

    Генералниот секретар на „Макам-транс“, Биљана Муратовска, изјави дека протестот претставува предупредување до Европската Унија, бидејќи и по седум месеци сè уште нема конкретно решение за проблемот.

    „По седум месеци проблемот со престојот останува нерешен. Септември е период кога започнува најголемиот обем на работа, па сакаме да испратиме јасна порака дека е неопходно конечно решение. Очекуваме прашањето да биде ставено на дневен ред на состанокот на земјите од Шенген-зоната“, изјави Муратовска.

    Во врска со активностите на Министерството за транспорт, кое најави склучување билатерални договори со земјите од Шенген-зоната, Муратовска посочи дека досега единствено Хрватска презела конкретни законски измени, додека од останатите држави нема официјални потврди за слични чекори.

    Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски неодамна соопшти дека Владата интензивно работи на билатерални договори со земјите членки на Шенген-зоната за да им помогне на македонските транспортери.

    Тој нагласи дека веќе постојат договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, додека во септември и октомври се планирани разговори со Австрија и Словенија, а паралелно се работи и на договор со Германија.

    Доколку на утрешниот состанок во Брисел не биде понудено преодно решение, превозниците најавуваат можност на 14 септември да организираат координирани протести на граничните премини во повеќе земји од регионот.

    Според „Макам-транс“, проблемот директно засега околу 17.000 професионални возачи од Македонија, додека на ниво на Западен Балкан со истиот проблем се соочуваат околу 100.000 возачи.

    Од асоцијацијата предупредуваат дека дел од возачите веќе одбиваат да возат поради неизвесноста на граничните премини, каде правилото „90/180“ различно се толкува од граничните служби, што доведува до економски загуби и случаи на депортација.

    Поврзани вести:

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.