Опцијата „против“ повторното започнување на преговорите за членство на Исланд во Европската Унија премина во минимално водство на референдумот, покажуваат најновите нецелосни резултати. По преброени 152.000 гласови, против продолжување на преговорите се изјасниле 50,1 отсто од гласачите, додека 49,9 проценти гласале „за“.
Првичните резултати по преброени 87.000 гласови покажуваа обратна состојба, со водство на опцијата „за“ од 51,2 проценти. Поддржувачите на европската интеграција тврдат дека членството во ЕУ би можело да придонесе за намалување на високите каматни стапки и за поголема безбедност на земјата.
Противниците, пак, предупредуваат дека членството може да го загрози суверенитетот на Исланд и контролата врз риболовните подрачја, кои имаат големо значење за економијата. Каматните стапки, рибарството и трошоците за живот беа меѓу главните теми во референдумската кампања. Поради исклучително малата разлика меѓу двете опции, конечниот исход се очекува дури по пребројувањето на сите гласови, што според изборната комисија би можело да трае до пладне.
