Водно од денеска доби нов моторички парк, изграден од здравите стебла на дрвјата што беа соборени во неодамнешното силно невреме во Скопје, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Просторот е опремен со природни препреки и реквизити наменети за развивање на рамнотежата, координацијата, агилноста и физичката подготвеност. Паркот ќе можат да го користат децата, младите и возрасните за игра, вежбање и рекреација во природа.
На местата од кои се отстранети паднатите дрвја веќе се засадуваат нови садници, а за втората половина на септември е најавена и
голема есенска акција за пошумување на Скопје.
Ѓорѓиевски најави дека паралелно продолжуваат уредувањето на патеките и обновувањето на урбаната опрема на Водно, каде веќе функционира и Планинската спасителна служба.
