Левица ја обвини министерката за образование и наука Весна Јаневска дека не планира да го зголеми субвенционираниот студентски оброк, кој од 2023 година останува 140 денари дневно.
Од партијата реагираат на образложението дека студентите не се пожалиле и посочуваат дека усогласувањето на износот, според нив, е законска обврска и не треба да зависи од поплаки.
Левица наведува дека и по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, јавните повици на Министерството за образование продолжиле да предвидуваат субвенција од 140 денари. Од партијата прашуваат каков здрав и нутритивно вреден оброк денес може да се купи за оваа сума, имајќи го предвид растот на цените на храната. Тие тврдат дека
Владата ниту еднаш не го зголемила студентскиот оброк и дека сегашниот износ не е усогласен согласно законските одредби.
Според пресметките на Левица, поради неусогласувањето студентите досега биле оштетени за околу 6,5 милиони евра.
