Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека СДСМ нема да биде алиби за Мицкоски за предвремени избори, посочувајќи дека премиерот има двотретинско мнозинство и може сам да донесе одлука за распишување избори.
– Ние за избори сме спремни. Утре да се случуваат, за утре сме спремни за изборите, и со тимот и со програмата, со мастер-планот за Македонија и договорот со граѓаните којшто ќе го презентирам во текот на септември“, рече Филипче на денешната прес-конференција.
Филипче порача дека Левица е добредојдена во Фронтот за вистина и правда само доколку се откаже од проруските позиции и јасно потврди дека НАТО е добро за земјата и дека е за членство во Европската Унија.
„Поради тоа што Левица е партија којашто е проруска партија, којашто имаше јасен транспарент дека „НАТО се убијци“ во Собранието. И доколку кажат и доколку ги сменат своите политики и се откажат од своите ментори и финансиери, мајка Русија и татко Христијан Мицкоски, и тие се добредојдени во Фронтот за вистина и правда“, рече Филипче.
