ТикТок се согласи да плати 400 милиони долари за спогодба со американските власти поради обвинувања дека собирал лични податоци од деца. Американското Министерство за правда ја тужеше платформата во 2024 година, тврдејќи дека им дозволувала на деца помлади од 13 години да отвораат профили без согласност од родителите.
Според обвинението, со тоа бил прекршен американскиот закон за заштита на приватноста на децата. Спогодбата не предвидува TikTok да признае вина, но вклучува темелни промени во практиките за заштита на приватноста. Таа доаѓа и по промената на сопственичката структура на американскиот бизнис на TikTok, откако мнозинскиот удел беше пренесен на компанија зад која стојат американски инвеститори.
Матичната кинеска компанија ByteDance, сепак, продолжува да го контролира TikTok во остатокот од светот.
