Општина Илинден започна со реализација на проектот за реконструкција на локалниот пат Илинден – Јурумлери, значаен инфраструктурен зафат со кој ќе се подобри сообраќајната поврзаност со соседните општини Петровец и Гази Баба.
Реконструкцијата опфаќа целосна обнова на постоечкиот коловоз во вкупна должина од околу 500 метри, како и уредување на системот за прифаќање и одведување на атмосферските води.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека овој патен правец е од особена важност за подобрување на локалната и регионалната сообраќајна поврзаност.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
