Летниот период МОН и општините го искористија за реконструирање на основните училишта, со крајна цел воведување на едносменска настава, која е зацртана во програмата на оваа влада, соопшти министерката за образование Весна Јаневска при посетата на училиштето „Александар Македонски“ во Општина Аеродром
-МОН во моментов врши адаптација, доградба и реновирање во 6 училишта, а сме подготвени да го спроведеме проектот уште во 15 други училишта. Дел од проектот ќе се реализира есенва, а дел на пролет. И со тоа успешно се спроведува проектот за добробит на децата и поквалитетно образование, соопшти министерката.
Новата учебна година ќе стартува без проблеми со дистрибуцијата на бесплатните учебници, кои, според министерката веќе се доставени до училиштата, а секое секое дете до 4-то одделение ќе има и таблет.
