Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје минатата недела собрале и транспортирале 3.200 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот.
Во истиот период биле отстранети 675 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини.
Најголемо количество отпад е расчистено во Општина Чаир, каде што екипите подигнале 130 кубни метри отпад од диви депонии.
Еко-патролата на претпријатието минатата недела изготвила 28 записници за физички и правни лица затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота. Од нив, 17 биле врачени во Општина Чаир.
Од ЈП „Комунална хигиена“-Скопје потсетуваат дека граѓаните можат бесплатно да го одложат својот кабаст отпад, како стар мебел и електрични и електронски апарати, во Центарот за селекција на отпад во Карпош, секој ден од 07 до 19 часот.
