ЈП „Водовод и канализација“ информира дека денеска дел од корисниците во општина Чаир ќе останат без водоснабдување поради планирани работи на водоводната мрежа.
Прекинот ќе започне во 08:30 часот и ќе трае до завршување на интервенцијата, која опфаќа приклучување на старата водоводна мрежа со нова мрежа со профил Ф250 мм на Ф100 мм.
Без вода ќе бидат корисниците на улицата Џон Кенеди, кај крстосницата со улицата Браќа Реџепагиќ, како и дел од населбата Топанско Поле.
Од претпријатието апелираат до граѓаните навреме да обезбедат доволни количини вода за своите потреби до завршување на работните активности.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
