Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Ангелов: Состојбата со пожарите значително се влоши, најмалку 21 пожар низ земјава
    Република

    Ангелов: Состојбата со пожарите значително се влоши, најмалку 21 пожар низ земјава

    12/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Состојбата со пожарите на отворен простор во земјава денеска значително се влоши. Попладнево се регистрирани најмалку 21 пожар, од кои поголем дел сè уште се активни, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

    Како еден од пожарите со најтешки услови за гасење, Ангелов го издвои пожарот во општина Македонски Брод, во месноста Видуш, во близина на селото Драгов Дол. Таму гори карпест предел со грмушки, трње и сува трева, а теренот е исклучително тежок за движење.

    За утре наутро е најавено упатување модул на ДЗС составен од доброволни пожарникари со специјална обука за гасење шумски пожари. Ангелов посочи дека огнот не зафатил квалитетна шума.

    Тежок пожар има и над селото Моране во општина Студеничани, каде што интервенираат три „ер трактори“, скопски пожарникари и четири тимови на ДЗС со возила „пинцгауер“.

    Активен е и пожарот над селото Страхојадица во општина Зелениково, како и пожарот над селото Манастирско Доленци во општина Кичево, кој се заканува на локалниот манастир. Од ДЗС најавија дополнителни сили за интервенција утре наутро.

    Особено тешка е состојбата и во Полошкиот Регион. Според Ангелов, постојат информации дека дел од пожарите можеби биле намерно предизвикани. Активни пожари има во атарите на селата Копанце во општина Јегуновце, Џепчиште во Тетово, Пршовце во Теарце и Чифлик во општина Желино.

    Пожари има и кај селото Тополчани во општина Прилеп, кај Маково во Новаци, кај Врсаково во Штип и кај Драгош во општина Битола.

    Ангелов предупреди дека високите температури и ниската влажност на воздухот создаваат исклучително поволни услови за ширење на огнот. Тој апелираше до граѓаните да бидат крајно внимателни и да не преземаат активности со кои би можеле да предизвикаат нови пожари.

    Директорот на ДЗС истакна и дека во текот на денот биле регистрирани случаи за кои постојат сомнежи дека пожарите биле предизвикани намерно.

    Поврзани вести:

    Рекорден број пожари во Македонија: До попладнево активни 21 пожар низ државата

    Рекорден број пожари во Македонија: До попладнево активни 21 пожар низ државата

    Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

    Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

    Секој четврти ученик во Македонија се коцкал за пари, алармантни податоци

    Секој четврти ученик во Македонија се коцкал за пари, алармантни податоци

    Судскиот вештак Марковски: Во „Пулс“ немало ниту една мерка за противпожарна заштита

    Судскиот вештак Марковски: Во „Пулс“ немало ниту една мерка за противпожарна заштита

    Почнува августовскиот рок за државната матура, пријавени над 1.300 ученици

    Почнува августовскиот рок за државната матура, пријавени над 1.300 ученици

    Денеска до 40 степени, од утре следува промена на времето

    Денеска до 40 степени, од утре следува промена на времето

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Post Views: 8
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Рекорден број пожари во Македонија: До попладнево активни 21 пожар низ државата

    12/08/2026

    Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

    12/08/2026

    Секој четврти ученик во Македонија се коцкал за пари, алармантни податоци

    12/08/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.