Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Младите до 35 години во Гази Баба ослободени од комуналии за изградба на прв дом
    Скопје

    Младите до 35 години во Гази Баба ослободени од комуналии за изградба на прв дом

    11/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Една од мерките предвидени во изборната програма на Општина Гази Баба веќе е реализирана, а со неа младите до 35 години се ослободуваат од плаќање комуналии за изградба на својот прв дом, информира градоначалникот Бобан Стефковски.

    Стефковски посочува дека мерката првично била наменета за лица до 29 години, но по направена анализа на потребите на младите, старосната граница била зголемена на 35 години. Со тоа, како што наведува, можноста ја добиваат поголем број млади лица и семејства кои сакаат да изградат сопствен дом во Општина Гази Баба.

    Правото на ослободување од плаќање комуналии можат да го остварат лицата кои на денот на поднесување на барањето немаат наполнето повеќе од 35 години и се жители на Општина Гази Баба.

    Услов е да станува збор за изградба, доградба или надградба на прв дом во сопственост на подносителот, кој ќе се користи исклучиво за лични станбени потреби. За остварување на правото потребно е да биде доставена комплетна техничка документација согласно Законот за градење, како и изјава дека објектот ќе биде користен за сопствено домување во период од најмалку 10 години.

    Од Општината велат дека со оваа мерка се создаваат дополнителни услови младите да останат во својата локална заедница и полесно да дојдат до сопствено станбено решение.

    „Со оваа мерка ги стимулираме младите да останат тука, во нашата општина, да создадат свој дом, своја иднина и своја приказна – токму во Гази Баба“, истакнува Стефковски.

    Тој упатува и повик до младите брачни парови да ја искористат можноста и да направат чекор кон создавање сопствен дом и иднина во општината.

    „Ги повикувам сите млади брачни парови да ја искористат оваа можност и да го направат својот следен чекор кон својот дом, своето семејство и својата иднина“, вели Стефковски.

    Поврзани вести:

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    Со хуманитарен одбојкарски натпревар и музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4

    Со хуманитарен одбојкарски натпревар и музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4

    Жителите на Центар со свои предлози ќе учествуваат во креирањето на новиот ЛЕАП

    Жителите на Центар со свои предлози ќе учествуваат во креирањето на новиот ЛЕАП

    Во петок нема да работат шалтерите за наплата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје

    Во петок нема да работат шалтерите за наплата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје

    Ѓорѓиевски: Младите мора да имаат вистинско место во креирањето на локалните политики

    Ѓорѓиевски: Младите мора да имаат вистинско место во креирањето на локалните политики

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    22/10/2026

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    22/10/2026

    Со хуманитарен одбојкарски натпревар и музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.