Демократската унија за интеграција (ДУИ) официјално соопшти дека Аркин Јахији ќе биде кандидат на партијата на претстојните предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница.
Од ДУИ истакнуваат дека кандидатурата на Јахији се темели на одговорност, единство и јасна визија за развој на општината, со цел Брвеница да стане поразвиена, помодерна и пофункционална локална самоуправа.
Партијата наведува дека во програмата на кандидатот се предвидени поефикасна општинска администрација, нови инвестиции, рамномерен развој на сите населени места и создавање еднакви можности за сите граѓани.
„Брвеница има голем потенцијал за развој и потребно е раководство кое ги познава реалните потреби на граѓаните и ќе работи на нивно решавање“, наведуваат од ДУИ.
Според партијата, Аркин Јахији ќе биде глас на граѓаните и партнер на сите кои сакаат да придонесат за развојот, напредокот и подобар квалитет на живот во општината.
