Како подготовка за воведување на системот е-Фактура, Управата за јавни приходи (УЈП) во соработка со Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) организираше обука на која учествуваа 80 претставници од општините и јавните претпријатија (ЈКП).
На обуката беа презентирани функционалностите на овој систем и начинот на неговото користење, како и обврските и придобивките од електронското фактурирање.
Оваа обука е од особено значење бидејќи јавните претпријатија претставуваат значаен сегмент од јавниот сектор и се меѓу најголемите издавачи на фактури во државата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
