Општина Центар започнува јавна анкета по Нацрт-деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј 05 – Барутана, продолжувајќи ја практиката на транспарентно урбанистичко планирање и активно учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки, информираат од локалната самоуправа.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги повика жителите активно да се вклучат и да достават свои предлози, мислења и забелешки во писмена или во електронска форма.
Јавната анкета ќе се спроведува во периодот од 13 август до 14 септември 2026 година.
Нацрт-деталниот урбанистички план се однесува на Градска четврт Ј 05 – Барутана, за планскиот период 2025–2030 година, а вкупната површина на планскиот опфат изнесува 6,89 хектари.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
