Град Скопје ги информира жителите на населбата Драчево дека Јавното претпријатие за државни патишта започнува со реконструкција на главниот мост над Маркова Река.
Поради изведувањето на градежните работи, во наредниот период се очекува отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел од градот.
Од Град Скопје апелираат до граѓаните за трпение, разбирање и почитување на поставената сообраќајна сигнализација и режимот на сообраќај за време на реконструкцијата.
Градските власти посочуваат дека обновата на мостот е важен инфраструктурен проект кој ќе придонесе за поголема безбедност и подобри услови за сообраќај за сите учесници.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
