Во основното училиште „Мирче Ацев“ е изградена нова современа фитнес зона, како дел од проектот што се реализира со поддршка на Министерството за транспорт и врски, соопштија од Општината.
Новата фитнес зона е една од вкупно трите фитнес зони што се реализираат во рамки на проектот, со што дополнително се унапредува и збогатува спортската инфраструктура на територијата на Општина Ѓорче Петров, наведе градоначалникот Александар Стојкоски.
Со поставувањето на современите фитнес реквизити, учениците и младите добиваат функционален простор за физичка активност, вежбање и рекреација, кој ќе биде од корист и за останатите жители на општината.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
