Во паркот покрај булеварот. “Февруарски поход” во Ново Лисиче, започна изградбата на ново современо детско игралиште, кое ќе биде едно од вкупно десетте нови детски игралишта што ќе бидат изградени низ општината, соопшти градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески.
Проектот е дел од нашата заложба секое маало да добие безбеден и квалитетно уреден п ростор каде што децата ќе растат, ќе се дружат и ќе играат.
Новото игралиште ќе биде опремено со современи и безбедни реквизити, соодветна подлога од вештачка трева и уреден простор што ќе им овозможи безгрижна игра на најмладите и пријатно место за престој на целото семејство.
За прв пат на оваа локација се става во функција и систем за наводнување.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
