Во кругот на градинката „Кочо Рацин“ во Општина Центар се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри, информираат од Општината
Ѕидот стар 25 години сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните. Проектот е вреден 5.992.394,00 денари и како што е наведено – ќе биде целосно завршен во рок од еден месец.
– И ова лето вложуваме во воспитно-образовната инфраструктура. Во моментов се работи и на поставување нова енергетски ефикасна фасада на училиштето „Кирил и Методиј“, следно е спортската сала во училиштето „Коле Неделковски“ и „Гоце Делчев“, а во тек се и санации во ООУ „Димитар Миладинов“ – најавува градоначалникот Горан Герасимовски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
