Дел од жителите на општина Студеничани денеска ќе останат привремено без електрична енергија поради планирани активности на дистрибутивната мрежа.
Според информациите од ЕВН, прекинот ќе го опфати делот од селото Студеничани, поточно излезот кон селото Морани.
Без електрична енергија корисниците ќе бидат во периодот од 09:00 до 15:00 часот.
Од компанијата информираат дека станува збор за планирани технички интервенции чија цел е подобрување на квалитетот и стабилноста на снабдувањето со електрична енергија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
