Премиерот Христијан Мицкоски денеска им порача на сточарите и другите земјоделци при аплицирање за субвенции да го пријавуваат реалното производство.
Не може, како што рече, да се наведе дека една крава дала стопати повеќе млеко од најдоброто грло во светот или дека на еден хектар површина се произведени 35 тони тунун.
Мицкоски е дециден дека субвенциите за сточарите се обезбедени и дека исплатата ќе почне веднаш штом ребалансот на буџетот ќе биде објавен во „Службен весник“ и повика на ред и дисциолина во секторот, но и контроли:
Ќе има контрола и таа е веќе почната не само на овој тип производи кај сточарите туку и кај другите земјоделци и земјоделски култури. Мора да се грижиме за државата, да има ред и дисциплина. Ако не се гржиме ние, не може да очекуваме некој од надвор да се грижи за нас. Значи, не може да пријавуваме дека на еден хектар се произведени 30 или 35 тона тутун, може два, 2,5, па и три тони, ама не може 35 тони на хектар. Има многу работи што мора сите заеднички да ги совладаме како предизвици – посочи премиерот по посетата на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола.
