Општина Карпош продолжува со спроведување на мерките за финансиска поддршка на семејствата со новородени и посвоени деца и до средината на јули се поднесени околу 140 барања, информираат од Општината.
Пттаму додадваат дека 95 барања се одобрени за вредносен ваучер од 3.000 денари за новородено или посвоено дете, а 30 барања се одобрени за еднократна парична помош од 8.000 денари, согласно утврдените критериуми.
Општина Карпош и во наредниот период ќе продолжи со конкретна поддршка за семејствата, со цел да им помогне на младите родители и да придонесе кон унапредување на грижата за најмладите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
