Утрово, во раните утрински часови, се спроведе десеттата фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и додаде дека активностите продолжуваат и утре, согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје.
За наредната недела најавена е и теренска дезинсекција од земја, со цел дополнително сузбивање на комарците и заштита на здравјето и благосостојбата на граѓаните.
-Продолжуваме одговорно, навремено и системски да работиме на заштита на јавното здравје и подобар квалитет на живот за граѓаните – нагласи Ѓорѓиевски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
