Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Славески: Има простор да се намалат надоместоците што банките ги наплаќаат од граѓаните
    Економија

    Славески: Има простор да се намалат надоместоците што банките ги наплаќаат од граѓаните

    16/07/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Советот на Народната банка донесе одлука за воведување нов модел на надоместици што банките ги плаќат за услугите на Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС). Со оваа промена, како што рече денеска гувернерот Трајко Славевски се воспоствува поедноставна и поконкурентна структура на тарифите, а тоа ќе овозможи пониски трошоци за електронските плаќања и ќе придонесе за поевтини услуги кон граѓанте и компаниите.

    Одлуката стапува во сила на 1 август по што се очекува дека банките ќе покажат разбирање за јавниот интерес и за придобивките за економијата во целина од едноставните, лесно достапни и евтини платежни услуги во државата.

    – Новото решение е резултат на детални анализи и отворен дијалог со банкарскиот сектор, заради приспособување кон современите пазарни услови и европските практики. Воспоставениот модел го поедноставува и ги намалува трошоците на банките за порамнување на трансакциите кај НБ, што создава простор за намалување и поедноставување на надоместоците што банките ги наплаќаат од граѓаните, истакна Славески.

    Тој сооопшти и дека Советот на Народната банка воведе тарифа за плаќањата на државните органи во евра со земјите од СЕПА во фиксен износ од 3 евра по трансакција за електронски иницираните налози и 5 евра за налозите иницирани на хартија.

    Според гувернерот, наместо просечните 14 евра по трансакција преку коресподентно банкарство, со новиот тарифник се воведува фиксен надомест од три евра за електронски плаќања и од пет евра за хартиени.

    – На овој начин праќаме јасна порака – очекуваме пофер и поевтини платни услуги за сите. Народната банка ја поддржува изградбата на ефикасен и конкурентен платен пазар во земјава, во согласност со европските стандарди и во духот на интеграцијата во СЕПА, истакна гувернерот.

    Тој посочи дека банкарскиот сектор е стабилен, и покрај светските предизвици, а Народната банка и во иднина ќе ги води своите политики одговорно и внимателно, заради одржување на финансиската стабилност и за унапредување на платниот систем во земјата.

    Ниските и фиксни надоместоци по трансакција, во споредба со варијабилните надоместоци во зависност од износот на трансакцијата коишто ги налагаат сложените кореспондентски аранжмани со странските банки, треба да доведат до значителна заштеда за државата при извршувањето на плаќањата на државните органи со европските земји. Одлуката е донесена во контекст на приклучувањето на нашата земја кон СЕПА и фазата на усогласување со европските стандарди којашто е во тек, а со која се создава основа за пошироко намалување на трошоците за прекуграничните плаќања во евра, како од страна на Народната банка за државните органи, така и од страна на банките за своите клиенти.

    Поврзани вести:

    ССМ: Синдикалната минимална кошница порасна на 69.432 денари

    ССМ: Синдикалната минимална кошница порасна на 69.432 денари

    Неделен преглед на Македонската берза: промет од 81,25 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    Неделен преглед на Македонската берза: промет од 81,25 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    Божиновска во посета на ХЕ „Вруток“: Енергетиката најдобро се разбира на терен

    Божиновска во посета на ХЕ „Вруток“: Енергетиката најдобро се разбира на терен

    Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,26 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,26 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,53 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,53 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    Николоски: Со специјална технологија се стабилизира најкритичниот дел од автопатот Кичево – Охрид

    Николоски: Со специјална технологија се стабилизира најкритичниот дел од автопатот Кичево – Охрид

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ССМ: Синдикалната минимална кошница порасна на 69.432 денари

    21/09/2026

    Неделен преглед на Македонската берза: промет од 81,25 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    20/09/2026

    Божиновска во посета на ХЕ „Вруток“: Енергетиката најдобро се разбира на терен

    20/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.