Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Изет Меџити: Со новиот закон го рушиме коцкарскиот систем што ја уништуваше иднината на младите
    Политика

    Изет Меџити: Со новиот закон го рушиме коцкарскиот систем што ја уништуваше иднината на младите

    16/07/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Почитувани граѓани, претставници на медиумите и пошироката јавност,

    Денес сум пред вас за да ја информирам јавноста дека казино индустријата, која подолго време беше претворена во главно бизнис претпријатие во нашата земја, сега доживува сериозен удар. Денес почнуваме со воспоставување ред и искоренување на злото што ни го остави како „подарок“ претходната влада.

    Вчера нашата Влада го усвои Предлог-законот за игрите на среќа. Ова е многу значаен чекор во борбата против мафијата на коцкањето, за што лично се обврзав уште од првиот ден кога ја презедов функцијата Прв Вицепремиер.

    Почитувани присутни,

    Ние наследивме општество во кое коцкањето беше во подем, казината и обложувалниците беа отворени на секој агол. Денес, на територијата на целата држава функционираат најмалку 1500 центри ѕа коцкање, обложувалници и апарати за коцкање. За жал, мојот претходник лично се залагаше за проширување на овој профитабилен бизнис за мафијата, но разорувачки за семејствата.

          •     Со Предлог-законот кој го усвоивме вчера во Владата, уште на почетокот ќе се намали присуството на оваа колективна катастрофа за најмалку 70%! Го потенцирам – ОВА Е САМО ПОЧЕТОК! Од над 7.000 VLT апарати, со првиот удар ќе се отстранат 4.000;

    •     Го забрануваме рекламирањето на коцкањето;

          •     Казина повеќе нема да има низ населените места, градови и села како што е случај денес;

          •     Ги отстрануваме коцкарските клубови и обложувалниците кои организираат коцкање и сите други форми на коцкарски објекти најмалку 500 метри од школските објекти;

          •     Ги зголемуваме даноците и давачките за да се отежни процедурата за отворање на обложувалници. За споредба, во претходната влада, со една лиценца компаниите отвораа неограничен број објекти. Тоа повеќе нема да биде можно.

    Драги граѓани,

    Борбата против индустријата на коцкањето е тешка и опасна борба. Станува збор за добро организирана структура со криминогена природа, која ги надминува државните граници и не признава бариери – ниту политички, ниту етнички, ниту национални, ниту верски. Мафијата на коцкањето е ракот на нашето општество – таа ветува среќа, но носи само несреќа! И токму оваа структура ни ја остави во наследство претходната Влада!

    Сепак, сакам да ве уверам дека првите конкретни резултати од нашата решителна борба против криминалната индустрија на коцкање и игрите на среќа веќе пристигнуваат.

    Минатиот месец започна затворањето на стотици нелегални онлајн страници за коцкање кои нудеа услуги во нашата земја. До денес затворивме над 200 онлајн страници за коцкање, кои тивко – како рак – почнаа да ја заразуваат секоја фамилија, секое село, секое населено место, секој град.

    Ако до вчера имавме казина покрај училишта, покрај домовите, во животите на нашите деца – денес воспоставуваме ред, закон и достоинство. До вчера, претходната Влада градела коцкарска империја врз сиромаштијата и очајот на Албанците. Денес, нашата Влада ги урива тие криминални империи и ја гради иднината.

    За жал, претходната влада си играше коцка со судбината на Албанците. Сиромаштијата ја претвори во бизнис, а очајот во глас. Тој период заврши. Новата влада не е дел од стариот систем. Ние не зборуваме со празни зборови. Нашата влада делува. Ова е борба за иднината, за нашите деца, за нашата младина, за нашите семејства.

    Казиното не е развој, тоа е уништување. Казиното не е напредок, тоа е рана. Казиното не е економија, тоа е криминал. Ќе го искорениме овој систем, до корен. Ова е промената што ја ветивме како Влада. Ова е државата што нашите граѓани ја заслужуваат. Ова е почетокот наедна нова ера.

    Ви благодарам!

    Поврзани вести:

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    16/10/2026

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.