Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Водениот парадокс на Скопје: Доволни извори, но жедни лета
    Скопје

    Водениот парадокс на Скопје: Доволни извори, но жедни лета

    16/07/20255 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во срцето на Скопје, секојдневното функционирање на градот зависи од невидливите цевки и системи кои го снабдуваат со вода за пиење. Централно место во овој водоводен систем го зазема изворот Рашче, чии капацитети се предмет на постојани пресметки и планирања.

    Каптажата Рашче 1 и 2 моментално се во експлоатација и располагаат со инсталиран капацитет од 6 m³/секунда вкупно, но реалното користење е помалку – Рашче 1 има инсталиран капацитет од 4 m³/секунда, а експлоатираниот капацитет се движи од 2 до 4 m³/секунда, додека Рашче 2 има инсталиран капацитет од 2 m³/секунда, а експлоатираниот е околу 1 m³/секунда. Овие бројки покажуваат дека постои простор за зголемување на искористеноста, но и дека системот е проектиран да одговори на сегашните потреби на градот.

    Одговорот на прашањето дали капацитетот на изворот Рашче е доволен за задоволување на потребите на растечкото население во Скопје во наредните 20-30 години е двојствен. Изворот Рашче претставува основен и централен водоснабдувачки извор за Скопје, со стабилен капацитет кој во моментов е доволен за сегашните потреби. Сепак, со оглед на проекциите за раст на населението и зголемена потрошувачка во наредните децении, особено во летниот период, се јавува потреба од поактивно управување со ресурсите и обезбедување на дополнителни извори. Во таа насока, градскиот водоводен систем периодично ги вклучува експлоатационите бунари во бунарските подрачја Лепенец и Нерези, како дополнување на капацитетите на Рашче, особено во летните месеци, а во изминатите години се пофреквентно е потребата од нивно вклучување и во останатиот дел од годината. Овие бунари се дел од постојниот систем и се важен механизам за надополнување во периоди на зголемена потрошувачка или намален природен доток.

    Што се однесува до алтернативните извори, постојат неколку потенцијални опции кои би можеле да се активираат соодветно на потребите, но тие бараат дополнителна инфраструктура, како што се пречистителни станици и транспортни системи. Меѓу најизгледните се изворот Врело на Матка и водите од Кадина Река, кои со соодветна техничка обработка и инфраструктурна поддршка може да претставуваат валидни извори во иднина. Во моментов, овие извори активно не се користат, но постојат технички анализи и проценки кои ги разгледуваат како потенцијални решенија во контекст на долгорочната одржливост на водоснабдувањето во Скопје. Иако во изминатите децении се изработени повеќе стручни анализи и студии за потенцијалната искористливост на водите од Матка и Кадина Река, овие иницијативи досега не прераснале во конкретна реализација. Сепак, потребна е понагласена институционална заангажираност и стратешка ургенција во оваа насока, со цел да се избегне сценарио во кое прашањето за водоснабдувањето ќе се третира дури откако ќе прерасне во критичен проблем.

    Во лето, вода се троши ко да нема утре!

    Летната потрошувачка на вода во Скопје е значително поголема од просечната во текот на годината. Просечната потрошувачка за град Скопје во месец јуни 2025 година на дневно ниво изнесува 331.657 m³ – вода за да се наполнат преку 130 олимписки базени, покажуваат податоците на јавното претпријатие.

    Овој скок во потрошувачката е директно поврзан со покачувањето на температурите и зголемената употреба на вода за наводнување, разладување, полнење базени и слични активности. Паралелно со покачувањето на температурите се зголемува и потрошувачката на вода во градот, а водата од водоснабдителниот систем покрај за пиење се употребува и за наводнување, разладување, полнење базени, што всушност претставува и нејзина злоупотреба која секако доведува до проблеми во водоснабдувањето со намален или слаб притисок, а на одредени места и прекин во водоснабдувањето. Тоа пред сѐ се забележува во приградските населби и високите зони.

    Прашањето зошто е потребно секоја година да се апелира за рационално трошење на вода, ако капацитетите се доволни, е логично. Изворот Рашче има доволни количини на вода за задоволување на сите потреби на граѓаните, факт кој се покажал како таков во годините наназад, но и денес.

    Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје информираше за зголемена потрошувачка на водата и апелира до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата.

    „Особено апелираме да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени, но и спречување на злоупотребата преку дивите приклучоци“, велат оттаму.

    Со дивите приклучоци, додаваат од претријатието, се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје.

    Еден од најголемите проблеми на водоводниот систем во Скопје се загубите на вода во дистрибутивната мрежа. ЈП Водовод и канализација – Скопје во 2024 година изврши анализа и испитување на неприходованата вода, со мерење на протоци, притисоци и откривање на дефекти.

    Од добиените резултати, кои изнесуваат околу 60%, неприходованата вода претставува широк поим и зависи од многу фактори, како што се: дефекти и време на нивна поправка, неутврдени дефекти како резултат на стар водоводен систем, неизмерена и нефактурирана потрошена вода за полевање на зелени површини за јавен интерес, непрецизност на водомери, грешки во обработка на податоци и нечитани состојби, потрошувачка на испорачана количина на вода за приклучоци кои не се евидентирани, нечитани состојби и зголемување на потрошувачка кај корисно потрошена вода.

    Поврзани вести:

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    Со хуманитарен одбојкарски натпревар и музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4

    Со хуманитарен одбојкарски натпревар и музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4

    Жителите на Центар со свои предлози ќе учествуваат во креирањето на новиот ЛЕАП

    Жителите на Центар со свои предлози ќе учествуваат во креирањето на новиот ЛЕАП

    Во петок нема да работат шалтерите за наплата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје

    Во петок нема да работат шалтерите за наплата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје

    Ѓорѓиевски: Младите мора да имаат вистинско место во креирањето на локалните политики

    Ѓорѓиевски: Младите мора да имаат вистинско место во креирањето на локалните политики

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    22/10/2026

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    22/10/2026

    Со хуманитарен одбојкарски натпревар и музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.