Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Владата најави големи инвестиции во улици и објекти во Велес
    Економија

    Владата најави големи инвестиции во улици и објекти во Велес

    20/07/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Владата преку Министерството за транспорт инвестира речиси 9 милиони евра во инфраструктурни проекти во Општина Велес, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

    Николоски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, денеска беше во работна посета на Велес, каде што заедно со градоначалникот Марко Колев изврши увид во повеќе проекти кои се реализираат со поддршка на Владата и ресорното министерство.

    Како што информираше Николоски, средствата се обезбедени преку Програмата за инфраструктурни проекти во општините, како и преку проектот што Владата го реализира со Светската банка.

    „Ова е исклучително значајна инвестиција за развојот на инфраструктурата во Велес. Денеска гледаме почеток на работите на две улици, додека една улица веќе е завршена. Преку соработката со Светската банка веќе се реализирани три проекти во вредност од околу половина милион евра – улиците „8 Мај“, „Љубљанска“ и „Луј Пастер“, а завршена е и зградата со социјални станови“, изјави Николоски.

    Тој нагласи дека поддршката за Општина Велес ќе продолжи и во иднина, преку нови проекти и инвестиции насочени кон подобрување на условите за живот на граѓаните.

    „Ќе продолжиме со соработката со општината, градоначалникот, Советот и пратениците, со цел преку координација да обезбедиме уште повеќе проекти кои ќе бидат во интерес на жителите на Велес“, порача министерот за транспорт.

    Поврзани вести:

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.