Министер за транспорт Александар Николоски денеска при посетата на општина Кисела Вода изјави дека Владата продолжува рамномерно да ги поддржува општините низ државата, посочувајќи дека само во оваа општина се реализираат проекти во вредност од 386 милиони денари.
Николоски, заедно со градоначалничката Бети Стаменковска Трајковска, изврши увид во реконструираната улица „Лазар Димитров“, проект финансиран преку Министерството за транспорт во вредност од 3,6 милиони
денари.
Градоначалничката нагласи дека со поддршката од Владата и со средства од буџетот на Општина Кисела Вода се реализираат бројни инфраструктурни
проекти кои имаат цел да обезбедат поурбани услови и повисок квалитет на живот за граѓаните.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
