Млади музичари на прием кај Ѓорѓиевски: Најдоброто од Скопје ќе одекне во Њујорк
Најдоброто од Скопје ќе одекне во Њујорк – напиша скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на „Фејсбук“ по повод посетата од оркестарот при Гимназијата „Орце Николов“ кои на 5 и 6 септември годинава ќе има концерти во престижни сали во Њујорк.
Градоначалникот истакна дека станува збор за млади талентирани музичари, кои, иако оркестарот е формиран во 2024 година, за исклучително кратко време бележат сериозни успеси и освојуваат значајни домашни и меѓународни признанија.
– Круна на нивниот досегашен успех е освоеното прво место со почесни заслуги – First prize with honors, на Меѓународниот натпревар во Њујорк, каде што се претставија со репертоар целосно заснован на македонската народна музика – нагласи Ѓорѓиевски.
