Јавното претпријатие „Лајка“ почна кампања за подигање на свеста и рушење на предрасудите за кучињата питбули.
Кампањата насловена „Јас не сум за борби. Јас сум за гушкање“ е со цел да се смени општествената перцепција за оваа раса на кучиња и да се покаже дека сепак тие се лојални и подготвени за љубов, а не за насилство.
„Веруваме дека секое животно заслужува фер шанса. Нашите питбули се докажани како питоми и приврзани пријатели кои со години чекаат некој да ги види онакви какви што навистина се“, велат од ЈП „Лајка“.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
