Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Министерството за здравство најавува рекордни 205 милиони евра за подобрување на услугите
    Азир Алиу, министер за здравство
    Политика

    Министерството за здравство најавува рекордни 205 милиони евра за подобрување на услугите

    15/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Интензивно се работи на значително зајакнување на јавното здравство преку системска реконструкција, доградба и изградба на здравствени објекти, со цел обезбедување подобри услови за пациентите и медицинскиот персонал, но и унапредување на квалитетот на здравствените услуги низ целата држава, соопшти Министерството за здравство.

    – Во Штип, се планира целосно продолжување на изградбата на Клиничката болница, откако Министерството го раскина претходниот договор поради неисполнување на обврските од изведувачот. Новиот проект ќе ја опфати изградбата и опремувањето на болничкиот објект, Медицински факултет, студентски дом, комплетна инфраструктура и паркинг, со вкупна инвестиција од 147,65 милиони евра.

    Во Тетово е предвидена доградба на два нови павилјона за специјализирани услуги како онкологија, инфектологија, дерматологија, психијатрија и гинекологија, како и реконструкција на постојните хируршки и интернистички блокови и целосно инфраструктурно и партерно уредување, со вкупна вредност од 40 милиони евра.

    Во Кичево, по детална техничка и функционална проценка, ќе се пристапи кон целосна изградба на нова општа болница на нова локација, која ќе служи како регионален здравствен центар за поширокиот регион. Новиот објект ќе биде современ, енергетски ефикасен и целосно опремен, во вредност од 18 милиони евра, посочуваат од МЗ.

    Покрај градежните интервенции, проектите вклучуваат и набавка на најсовремена медицинска и немедицинска опрема. Вкупната вредност на целокупната инвестиција изнесува над 205 милиони евра.

    – Овие проекти се дел од визијата за модерно, достапно и функционално здравство, каде што секој пациент ќе добие навремена и квалитетна здравствена услуга, а медицинскиот персонал ќе работи во безбедна и современа средина, се наведува во соопштението од МЗ.

    Поврзани вести:

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    16/10/2026

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.