Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во активностите за санација на инфраструктурата во училиштето „Димитар Миладинов“, со што ќе се подобрат условите за учење, работа и спортување во училиштето.
Се изведува нова фекална мрежа, одвоена од атмосферската, со што се решава долгогодишниот проблем со затнување и прелевање на шахтите.
Воедно, се реконструира санитарниот јазол до фискултурната сала, каде се заменуваат старите водоводни и одводни цевки и се поставуваат нови санитарии, а се реновираат машката и женската соблекувална, со поставување нова подна подлога и плочки, известија од Општина Центар.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
