Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Реплек со продажба од 13,9 милиони евра – домашниот пазар ги амортизира извозните предизвици
    Економија

    Реплек со продажба од 13,9 милиони евра – домашниот пазар ги амортизира извозните предизвици

    07/07/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Со континуиран раст на продажбата на домашниот пазар и натамошно зајакнување на својата позиција во Македонија, „Реплек АД Скопје“ во првите шест месеци од 2026 година оствари вкупни приходи од продажба во сегментот фармација од 13,9 милиони евра. Приходите остварени на домашниот пазар бележат раст од 24% во однос на истиот период минатата година, со реализирани продажби од 4,8 милиони евра, што претставува најсилен двигател на резултатите во првата половина од оваа година.

    Од вкупните приходи остварени од продажба во првото полугодие од 2026 година, 9,1 милиони евра се реализирани на извозните пазари, додека учеството на домашниот пазар се зголеми на 35%, што ја потврдува растечката улога на домашниот сегмент во структурата на приходите на компанијата.

    „Континуираниот раст на домашниот пазар е јасна потврда дека нашата стратегија за развој на портфолиото, инвестициите во нови производи и посветеноста кон пациентите и партнерите во земјава даваат конкретни резултати. Особено нè охрабрува фактот што растот на домашниот пазар се интензивираше во текот на вториот квартал, а ваквиот тренд продолжува, што претставува силна основа за понатамошен развој на компанијата. Истовремено, остануваме целосно посветени на нашата меѓународна стратегија и на понатамошното зајакнување на присуството на странските пазари“, изјави Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек“.

    Растот на домашниот пазар е резултат на зајакнатата пазарна позиција на компанијата, позитивниот прием на новите производи лансирани во текот на минатата година и континуираниот раст на клучните производни линии. Овие резултати ја потврдуваат довербата што пациентите, здравствените работници и деловните партнери ја имаат во производите на „Реплек“, како и успешната реализација на комерцијалната стратегија на домашниот пазар.

    Во првото полугодие, продажбите на извозните пазари се одвиваа со изменета динамика, пред сè поради промени во временските рамки кај дел од партнерските канали, што доведе до поместување на дел од планираните испораки. Побарувачката на клучните пазари останува стабилна, нарачките се исполнуваат, а компанијата продолжува со реализација на договорените активности согласно приспособената динамика на испораки.

    Во услови на променета глобална деловна средина, „Реплек“ останува фокусиран на флексибилно управување со извозните активности и натамошно јакнење на својата меѓународна позиција. Во прилог на тоа, компанијата во текот на првото полугодие го реализираше и првиот извоз на пазарот на Велика Британија, што претставува значајна стратешка пресвртница и потврда за способноста на „Реплек“ успешно да настапува на високо регулирани фармацевтски пазари.

    И во наредниот период „Реплек“ ќе продолжи со реализација на својата долгорочна стратегија за раст, преку развој на нови производи, проширување на присуството на меѓународните пазари, нови регулаторни регистрации и инвестиции во модернизација на производството. Во тек е изградбата на новиот производствен погон за полуцврсти и течни фармацевтски форми, како една од најзначајните инвестиции на компанијата периодов, со која дополнително ќе се зајакнат производствените капацитети и конкурентноста на домашниот и на странските пазари.

    Компанијата останува посветена на создавање одржлив раст, континуирано подобрување на оперативната ефикасност и создавање долгорочна вредност за своите акционери, партнери и пациенти.

    Поврзани вести:

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.