Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Проект вреден речиси 200 милиони евра: Почнува изградбата на делницата Скопје – Блаце
    Економија

    Проект вреден речиси 200 милиони евра: Почнува изградбата на делницата Скопје – Блаце

    06/07/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Изградбата на втората делница од автопатот Скопје–Блаце се очекува да започне во август и, според договорот, да трае околу четири години, најави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски.

    Тој информираше дека проектот е обезбеден со грант во вредност од 30,8 милиони евра и заем од 167,6 милиони евра. Новата делница ќе биде долга 10,5 километри, а заедно со претходно изградените 1,5 километри, автопатот од клучката Стенковец до граничниот премин Блаце ќе има вкупна должина од 12 километри.

    Според Трајановски, трасата минува низ ридско-планински терен во пределот на Скопска Црна Гора, што ја прави изградбата особено сложена. Поради тоа, проектот предвидува изградба на пет двоцевни тунели со вкупна должина од околу пет километри, девет мостови со должина од 2,5 километри, 11 надвозници, четири галерии за стабилизација на косините и девет потпорни ѕидови.

    „Теренот е ридско-планински и е дел од масивот Скопска Црна Гора. Ова е исклучително тежок терен за градба. Затоа проектот предвидува пет двоцевни тунели, девет мостови, 11 надвозници, четири галерии и девет потпорни ѕидови. Очекуваме изградбата да започне во август оваа година. Според договорот, периодот на изградба е приближно четири години. Избран е консултантот, избран е изведувачот, додека надзорот е во фаза на евалуација и очекуваме наскоро да биде избран“, изјави Трајановски.

    Поврзани вести:

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.