Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Димитријевиќ ќе ги пропушти овие квалификации, во репрезентацијата се враќа Вајли
    Спорт

    Димитријевиќ ќе ги пропушти овие квалификации, во репрезентацијата се враќа Вајли

    15/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Со првиот тренинг во салата на СРЦ „Кале“ и официјално почнаа подготовките на машка сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија. Селекторот Марјан Илиевски и неговите соработници, Мирко Петрески, Борче Даскаловски и Миодраг Тодоровиќ, на првиот собир ги имаа на располагање следниве кошаркари: Марин Петков, Андреј Магдевски, Амар Хот, Валмир Какруки, Лука Стојановски, Андреј Митревски, Максим Митревски, Лука Савичевиќ, Андреј Андоновски и Марко Миловановиќ.

    Лејсон Зекири поради болки го пропушти првиот собир, а на 17.јули пред заминувањето за Гевгелија на националниот тим ќе му се приклучи Адем Мекиќ, а два дена подоцна, во стројот ќе биде и Теодор Симиќ. Андреј Јакимовски ќе се појави на подготовките на 23.јули.

    Со младинските репрезентации обврски имаат: Марко Луканоски и Стефан Стојковиќ, додека Никола Јаничиќ го чека настап за селекцијата на Македонија М18 на Европското првенство во Србија.

    – Очекував да дојде Ненад Димитријевиќ, но за жал тој нема да биде во комбинација бидејќи летото го користи за свој одмор и дава приоритет за клупската иднина. Ние бевме расположени да му овозможиме да дојде подоцна, но последната информација е дека тој нема да игра во овие претквалификации. Жалам што некои кошаркари, а и нивните клубови пристапија со став дека ова се претквалификации за Светско првенство и тоа не е многу важно, а би биле тука за претквалификации за Европско првенство, изјави селекторот Илиевски.

    Дополнително во Гевгелија во националниот тим ќе се појави Џејкоб Вајли.

    Во Гевгелија, Македонија ќе одигра два натпревара на 25. и 26. јули, против Швајцарија, по што следува преселба во Куманово каде „црвено-жолтите“ ќе ги дочекаат претквалификациските натпревари.

    Македонија на 2.август игра дома со Романија, на 9.август гостува во Шолнок кај Унгарија, потоа на 13.август гостува во Орадеа кај Романија и во последното коло на 20.август во Куманово ја пречекува Унгарија.

    Поврзани вести:

    Шкендија без победа против Силекс, кратовци освоија бод по ремито во Скопје

    Шкендија без победа против Силекс, кратовци освоија бод по ремито во Скопје

    Лазаров по големата победа: Алкалоид мора да биде внимателен на реваншот

    Лазаров по големата победа: Алкалоид мора да биде внимателен на реваншот

    Голеада за паметење во Серија А: Елмас стрелец во спектаклот со осум гола

    Голеада за паметење во Серија А: Елмас стрелец во спектаклот со осум гола

    Филип Талески се сели во Швајцарија, потпиша за ХСЦ Арау

    Филип Талески се сели во Швајцарија, потпиша за ХСЦ Арау

    Алкалоид со убедлива победа против Горење, на чекор до следната рунда во ЕХФ Европскиот куп

    Алкалоид со убедлива победа против Горење, на чекор до следната рунда во ЕХФ Европскиот куп

    Алкараз го освои АТП-финалето: Шпанецот го победи Зверев за прва титула во Торино

    Алкараз го освои АТП-финалето: Шпанецот го победи Зверев за прва титула во Торино

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Шкендија без победа против Силекс, кратовци освоија бод по ремито во Скопје

    23/11/2026

    Лазаров по големата победа: Алкалоид мора да биде внимателен на реваншот

    22/11/2026

    Голеада за паметење во Серија А: Елмас стрелец во спектаклот со осум гола

    22/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.