Град Скопје соопшти дека претстојниот викенд ќе спроведе авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на целото подрачје на главниот град.
Прскањето е планирано да се изврши во раните утрински часови во сабота, 27 јуни и недела, 28 јуни, а доколку временските услови не дозволат, ќе биде одложено за првиот нареден ден со поволно време.
Од Градот апелираат до пчеларите навремено да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на пчелните семејства.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
