Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»САД и Иран пред договор, се чека да се изјасни Трамп
    Свет

    САД и Иран пред договор, се чека да се изјасни Трамп

    29/05/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс синоќа изјави дека сè уште не е сигурно дали претседателот Доналд Трамп ќе поддржи можен договор со Иран, во време кога медиумите објавуваат дека американските и иранските преговарачи постигнале прелиминарен договор за рамка за завршување на конфликтот, пренесе ДПА.

    Венс пред новинарите во здружената база „Ендрјус“ изјави дека преговарачите „постигнале голем напредок“, но дека за неколку прашања, меѓу кои и ограничувањата на иранската нуклеарна програма, сè уште се разговара.

    – Разговараме со нив. Мислиме дека преговараат, барем досега, со добра намера и дека постигнуваме одреден напредок – рече Венс и додаде дека не може да каже дали и кога Трамп би го поддржал евентуалниот меморандум за разбирање.

    – Се надеваме дека ќе продолжиме да напредуваме и дека претседателот ќе биде во позиција да го поддржи договорот, но тоа допрва ќе се утврдува – изјави Венс.

    Претходно вчера, порталот „Аксиос“ објави дека американските и иранските преговарачи постигнале рамковен договор со кој би се продолжил прекинот на огнот и би започнале преговори за нуклеарната програма на Иран. Според извештајот, договорот предвидува рок од 60 дена за постигнување конечен договор. Американски извори ја потврдиле содржината на написот.

    „Аксиос“ наведува дека условите на договорот во голема мера биле финализирани до вторникот, но дека двете страни сè уште треба да обезбедат одобрение од политичкото раководство.

    Од друга страна, иранската агенција Тасним, блиска до Корпусот на исламската револуционерна гарда, објави дека не е финализиран ниту потврден никаков прелиминарен договор, повикувајќи се на извор близок до преговарачкиот тим.

    Поврзани вести:

    (Видео) Руски канал тврди: Украина нападнала со 28 копнени роботи кај Лиман

    (Видео) Руски канал тврди: Украина нападнала со 28 копнени роботи кај Лиман

    Петмина загинаа во вооружен напад во центарот на Краков

    Петмина загинаа во вооружен напад во центарот на Краков

    Иран порача дека нема да попушти пред притисоците од САД: Никогаш нема да се покориме

    Иран порача дека нема да попушти пред притисоците од САД: Никогаш нема да се покориме

    Нови руски напади: Пет украински региони останаа без струја

    Нови руски напади: Пет украински региони останаа без струја

    Лажни дојави за бомби предизвикаа хаос во европскиот авионски сообраќај и евакуации во медиуми

    Лажни дојави за бомби предизвикаа хаос во европскиот авионски сообраќај и евакуации во медиуми

    Венс водел тајни разговори со посредници за ново примирје меѓу САД и Иран, тврди „Аксиос“

    Венс водел тајни разговори со посредници за ново примирје меѓу САД и Иран, тврди „Аксиос“

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    (Видео) Руски канал тврди: Украина нападнала со 28 копнени роботи кај Лиман

    07/11/2026

    Петмина загинаа во вооружен напад во центарот на Краков

    07/11/2026

    Иран порача дека нема да попушти пред притисоците од САД: Никогаш нема да се покориме

    07/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.