Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Марковски: Не заслуживме убедлив пораз, не се откажуваме на реваншот
    Спорт

    Марковски: Не заслуживме убедлив пораз, не се откажуваме на реваншот

    11/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Тренерот на Работнички, Бојан Маркоски, оцени дека синоќешннот пораз од белоруски Торпедо – Белаз од 3-0 во првиот натпревар од воведното квалификациско коло во Конференциската лига е превисок, но оти неговите играчи ќе дадат максимум на реваншот идната недела во Скопје.

    -Беше тоа тежок натпревар и убедлив пораз за нас, а според мое мислење не заслуживме таков пораз од 3-0, истакна Маркоски на прес конференцијата по натпреварот кој се одигра на неутрален терен во Унгарија.

    -Противникот беше поискусен тим, знаеше тоа да го искористи, го отвори резултатот од корнер, од воиграна акција која пред мечот им ја напоменавме на играчите. Првите 15 минути имаа контрола, потоа беа и многу подобар тим. Ние имавме една шанса пред крајот на првото полувреме која требаше да ја реализираме. Го започнавме вториот дел подобро, но имаше две ситуации во кои не реагиравме најдобро и тие постигнаа уште два гола. Еден шут заврши во мрежата, а во судиското продолжение беше неприфатливо да примиме уште еден гол, анализираше стратегот на Работнички.

    Реваншот е закажан за идниот четврток на Националната арена Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 18 часот.

    -Има уште еден натпревар во кој ќе се обидеме да ја надоместиме негативата, не се откажуваме, ќе го дадеме максимумот, порача Маркоски.

    Поврзани вести:

    Судиската комисија: ВАР правилно го призна вториот гол на Силекс

    Судиската комисија: ВАР правилно го призна вториот гол на Силекс

    Силекс и Шкендија Арачиново го отвораат 11 коло во Првата лига

    Силекс и Шкендија Арачиново го отвораат 11 коло во Првата лига

    Без струја делови од Чаир, Кисела Вода, Бутел и Зелениково

    Без струја делови од Чаир, Кисела Вода, Бутел и Зелениково

    Бруно удри по тактиката на Карик по поразот од Комо: Манчестер Јунајтед во хаос

    Бруно удри по тактиката на Карик по поразот од Комо: Манчестер Јунајтед во хаос

    Црвено-црна рапсодија во Франција: Вардар го надигра Нант

    Црвено-црна рапсодија во Франција: Вардар го надигра Нант

    Александар Ашаданов си заминува од клупата на женската кошаркарска репрезентација

    Александар Ашаданов си заминува од клупата на женската кошаркарска репрезентација

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Судиската комисија: ВАР правилно го призна вториот гол на Силекс

    23/10/2026

    Силекс и Шкендија Арачиново го отвораат 11 коло во Првата лига

    23/10/2026

    Без струја делови од Чаир, Кисела Вода, Бутел и Зелениково

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.