Македонската фудбалска репрезентација направи скок од пет места на најновата ФИФА ранг-листа. Македонската репрезентација на последното рангирање се најде на 62. позиција и тоа е напредок од пет позиции во однос на претходно.
Во изминатиот месец, Македонија со добрите настапи зад себе ги остави репрезентациите на: Алабанија, Јордан, Грузија, Буркина Фаса и Обединетите Арапски Емирати.
Во следниот предизвик избраниците на Милевски ќе играат против Лихтенштајн во квалификациите за Светското првенство.
Кога е врвот во прашање нема промени, лидер е Аргентина, пред Шпанија, Франција, Англија и Бразил.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
