Расположението на граѓаните во Германија е на рекордно ниско ниво, покажува најновата анкета. Дури 84 проценти од испитаниците се многу загрижени за состојбата во земјата, а 64 проценти сметаат дека ниту една влада не може да ги реши актуелните проблеми.
Истражувањето покажува и дека 67 проценти од граѓаните очекуваат канцеларот Фридрих Мерц да поднесе оставка доколку пропаднат реформите што ги спроведува неговата влада.
Сомнежи за успехот на реформите изразуваат и водечките германски економисти, кои предупредуваат дека внатрешните блокади во коалицијата го кочат процесот. Особено критики има за реформите во пензискиот систем и законот за греење.
Дополнително, Бундестатот ја блокираше и мерката за помош од 1.000 евра за вработените, оценувајќи дека таа би го оптоварила веќе ослабеното германско стопанство.
