Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер. Во попладневните часови локално се очекува нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 5 до 12 степени, додека дневните ќе достигнат од 21 до 27 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви интервали и слаб променлив ветер. Температурата ќе се движи од 9 до 25 степени.
Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи, и во текот на следната седмица ќе продолжи променливо облачното време со сончеви периоди, а попладне на повеќе места ќе има локален дожд, грмежи и засилен ветер.
Метеоролозите предупредуваат дека утре и задутре ќе дува засилен, а на места и силен ветер од западен правец, со брзина над 60 километри на час. Температурите ќе бидат во пораст до вторник, по што од среда се очекува постепено заладување.
