Свое претставување пред симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, синоќа имаше кандидатот за градоначалник, Сотир Лукровски.
„Со благодарност кон претседателот Христијан Мицкоски, ја прифаќам оваа кандидатура со целосна свесност за одговорноста – затоа што Карпош има право на чесна и ефикасна локална власт“, порача Лукровски.
Лукровски нагласи дека Карпош има потреба од планско урбанистичко развивање, повеќе зеленило, решавање на проблемот со паркирањето, модерни градинки и училишта, како и вистинска борба против загадувањето и урбаниот хаос.
„Јас не ветувам невозможни работи – туку секојдневна работа, близок контакт со граѓаните и тимска посветеност за реални резултати“, истакна Лукровски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
