Актуелниот градоначалник на Аеродром, воедно и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за нов мандат во објава на социјалните мрежи ги најави проектите што со поддршка од Владата ќе ги реализира во следниот период. Меѓу другото Митески најави доградба на училиштето „Блаже Конески“ и надградба на училиштето во Горно Лисиче – „Гоце Делчев“.
Во наредниот период општина Аеродром ќе изврши и реконструкција на водоводната мрежа на улица „Божидар Рајковиќ“ во Горно Лисиче, а ќе се реконструираат и десетина улици низ Општината.
Според Митески, аеродромци за првпат ќе добијат и Мултимедијален центар -современо уреден простор каде што ќе се одржуваат претстави, кино проекции, концерти, изложби и разни културни настани.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
