Основниот кривичен суд – Скопје му изрече максимална казна затвор во траење од 12 години на обвинетиот Стојанче Јовановски за трите кривични дела поврзани со континуирано семејно насилство кое резултираше со трагична смрт на неговата сопруга и нивната малолетна ќерка.
Судот го прогласи за виновен и го осуди Јовановски за три кривични дела, односно пет години затвор за „телесна повреда“, три години за „загрозување на сигурноста“ и пет години затвор за „наведување на самоубиство и помагање во самоубиство“. Сите три дела се споени во вкупна затворска казна од 12 години.
Во судската постапка е утврдено дека во периодот од 2023 до 2026 година, на повеќе локации во Скопје, како и во нивниот дом, обвинетиот сурово и нечовечно постапувал кон оштетената, која се наоѓала во материјална зависност од него.
Ваквото континуирано насилство кај оштетената предизвикало тешка психичка вознемиреност и чувство на безизлезност. Како директна последица на тоа, таа изврши самоубиство na 2 март годинава, скокајќи од тераса заедно со нивната шестгодишна ќерка.
