Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Мицкоски: Бројот на вработени последнава година е зголемен за 15.000
    Економија

    Мицкоски: Бројот на вработени последнава година е зголемен за 15.000

    01/05/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    – Последнава година бројот на вработени е зголемен за повеќе од 15.000, а бројот на невработени е намален за преку 10.000, порача денеска од Охрид премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање како им помага Владата на економијата и работниците.

    Мицкоски потсети на досегашната финансиска поддршка, но се осврна и на колективните договори.

    – Што се однесува до до она што го направивме – Владата субвенционираше. Ќе ве потсетам. Некако, како тоа да се заборави. Околу 250 милиони евра заем во услови на најголема криза за стопанството за да можат работниците да ги сочуваат своите работни места. Во екот на најголемата криза. И кога на тие 250 милиони евра ќе се додадат уште толку од комерцијалните банки, се доведовме во состојба да сме држава со најниска каматна стапка која стопанството ја користи во заемите и во развивањето на своите бизниси, а притоа и зголемувањето на бројот на работни места што впрочем го потврдува и Државниот завод за статистика кој недвосмислено кажа дека во последните година дена бројот на вработени е зголемен за повеќе од 15.000, а бројот на невработени е намален за повеќе од 10.000, потенцира премиерот кој присуствуваше на поставување камен-темелник на изградба на катна гаража, позади Градскиот пазар.

    Владата, како што посочи Мицкоски, ќе продолжи да гради добри односи, партнерски односи со оние институции кои практично, како што рече „се наши колеги“.

    – Тука се колективните договори во здравството, колективните договори во образованието, колективните договори во администрацијата, во МВР, во одбраната,… така што ние со 95 отсто, би рекол можеби и некој процент повеќе од нашите колеги ги имаме регулирано односите до крајот на мандатот на оваа Влада, а тоа е 2028 година. И ќе продолжиме во таа насока да се движиме и така да се однесуваме, потенцира премиерот.

    Поврзани вести:

    Николоски во Струмица: Нови инвестиции во патната и комуналната инфраструктура

    Николоски во Струмица: Нови инвестиции во патната и комуналната инфраструктура

    Сиљановска-Давкова со Фон дер Лајен: Македонија заслужува побрз пат кон ЕУ

    Сиљановска-Давкова со Фон дер Лајен: Македонија заслужува побрз пат кон ЕУ

    Потпишан договор за надзор на изградбата на автопатот Кичево – Букојчани

    Потпишан договор за надзор на изградбата на автопатот Кичево – Букојчани

    Македонија меѓу европските лидери по раст на воздушниот сообраќај, скопскиот аеродром со скок од 34,8 отсто

    Македонија меѓу европските лидери по раст на воздушниот сообраќај, скопскиот аеродром со скок од 34,8 отсто

    46 милиони евра за нова енергија: Ќе се модернизираат шест хидроелектрани во Македонија

    46 милиони евра за нова енергија: Ќе се модернизираат шест хидроелектрани во Македонија

    Министерството за енергетика најтранспарентно во 2026 година

    Министерството за енергетика најтранспарентно во 2026 година

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    вработени Мицкоски
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Николоски во Струмица: Нови инвестиции во патната и комуналната инфраструктура

    03/10/2026

    Сиљановска-Давкова со Фон дер Лајен: Македонија заслужува побрз пат кон ЕУ

    02/10/2026

    Потпишан договор за надзор на изградбата на автопатот Кичево – Букојчани

    02/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.