Полициски службеници од СВР Тетово вчера лишиле од слобода 15-годишник од село Желино, откако претходно од Клиничката болница Тетово пријавиле дека кај нив биле донесени двајца тинејџери на возраст од 18 и 19 години со повреди од остар предмет.
По преземени мерки, утврдено е дека тие пред средно училиште во Тетово биле нападнати со остар предмет од 15-годишникот, кој исто така се здобил со повреди. При увид на местото пронајдени се нож и штрафцигер, а за случајот е известен јавен обвинител, соопшти МВР.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
