Белгискиот премиер, Барт де Вевер, ја поддржува идејата Европска Унија да започне преговори со Русија за ставање крај на војната во Украина, објавија локални медиуми.
Тој, по состанокот на Европски совет одржан во Кипар кон крајот на минатата недела, изјавил дека таквиот став го споделуваат се поголем број негови колеги.
„Ќе продолжиме со целосната поддршка за Украина, но не можеме да дозволиме таа војна да трае уште со години, со толку човечки страдања – луѓето стануваат жртви попусто“, изјавил Де Вевер.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

