Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » За 12 од уапсените лекари, кои „боцкале“ шверцуван ботокс, Обвинителството бара притвор
    Хроника

    За 12 од уапсените лекари, кои „боцкале“ шверцуван ботокс, Обвинителството бара притвор

    24/04/20264 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Уапсени се 14 лица во акцијата на МВР за сузбивање на организирани криминални групи инволвирани во извршување на кривични дела „злосторничко здружување“, „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „примање поткуп“. Од нив за 12 обвинителството бара одредување на мерка притвор

    Во рамките на акцијата, врз основа на претходно обезбедени наредби од Основен кривичен суд, извршени биле претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола. Дел од уапсените, во моментов се вработени како доктори на скопските клиники, сопственици на дерматолошки ординации и организатори на транспорт и продажба на илегално внесени стоки со статус на медицински лек и медицинско помагало, без одобрение од надлежен орган, без упатство и налепници.

    При претресите биле пронајдени и одземени оголемо количество на медицински лекови и помагала (филери, ботокс, хилурон). При претресите запленети се и 39.285 евра, 2.490 швајцарски франци и 26.000 денари, патничко возило марка „порше“, поголема количина на парфеми и декларации за истите, мобилни телефони, тревкаста материја и др.

    Според информациите од МВР поднесена е кривична пријава против 19 физички и шест правни лица, и тоа: против Н.А. (43), С.К. (46), А.К. (41), М.Ѓ. (47), Ѓ.С. (32), С.М.С. (31) и В.С. (49) за „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ (чл.285 ст.5 во врска со ст.1 и 2 од КЗ) и „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.1 од КЗ), против В.А. (61), Р.Т.Ѓ.(53) – косопственичка на правно лице од Скопје, Н.К. (42)- вработена како доктор во ЈЗУ „8 Септември“, А.К. (45)- вработен како доктор во ЈЗУ „8 Септември“, Д.Ф. (44)- вработен во ЈЗУ „Универзитетска клинка за дерматологија Скопје“, М.И.В. (38)- вработена како доктор во ЈЗУ „8 Септември“, А.Т. (27), С.Ф. (36)- управител на правно лице од Скопје, К.А. (53)- управител на правно лице од Битола, О.Д. (65)- управител на правно лице од Скопје и С.А. (40)- управител на правно лице од Скопје за „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ (чл.285 ст.5 во врска со ст.1 и ст.2) во врска со чл.22 „соизвршителство“ и „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.2) од КЗ, А.М. (38) за „примање поткуп“ (чл.357), „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.2) и „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ (чл.285 ст.5 во врска со ст.1 и ст.2) во врска со чл.22 „соизвршителство“ од КЗ и против пет правни лица од Скопје и едно од Битола за „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ (чл.285 ст.6 во врска со ст.1 и 2) од КЗ.

    Во текот на 2026 година, пријавените Н.А., С.К., А.К. и М.Ѓ. создале злосторничко здружување со подрачје на делување во Скопје и околината, кон кое подоцна се приклучиле В.А., А.М., Р.Т.Ѓ., со користење на правно лице од Скопје, како и пријавените Ѓ.С., С.М.С., В.С. како организатори на злосторничко здружување со подрачје на делување во Скопје и Источна Македонија, кон кое подоцна се приклучиле пријавените Н.К., А.К., Д.Ф., М.И.В., А.Т., С.Ф., К.А., О.Д., со користење на правни лица од Битола и Скопје.

    Со намера да се стекнат со противправна имотна корист од големи размери набавиле фалсификувани медицински лекови и медицински помагала (ботокс) од Србија, Кореа и Турција. Овие медицински лекови и помагала биле внесени на нелегален начин на територијата на нашата држава со намера истите да ги складираат, дистрибуираат и продаваат, помогнати од членовите на злосторничкото здружување, во поголемиот дел доктори по професија, и да ги употребат – аплицираат на трети лица. Пријавените иако биле свесни и знаеле дека набавената стока претставува лек и медицинско помагало, согласно Законот за лекови и не била увезена согласно пропишаните правила, како и дека за истата не било издадено упатство и декларација со одобрение од МАЛМЕД, истите вршеле естетски корекции, со што предизвикале општа опасност по животот и здравјето на луѓето.

    Пријавениот А.М., во својство на царински службеник со намера да оствари за себе противправна имотна корист и да им помогне на пријавените организатори, примил поткуп во два наврати за да изврши службено дејствије кое не би смеел да го изврши, односно овозможил влез на нелегалната стока без да биде извршена царинска контрола на пристигнатите две кутии со лекови.

    ботокс лекари притвор уапсени филер хелурон шверц
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Група во Чаир се обидела да спречи апсење, полицијата предупредувачки пукала во воздух

    25/04/2026

    На шестмина шверцуваниот ботокс им донесе затворски притвор, на четворица куќен

    25/04/2026

    Притвор за Македонец, кој како лажен хирург пробал во Белград да направи измама

    24/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.